Еден од најпознатите македонски музички состави – „Ареа“, најавуваат акустичен концерт во Битола. Откако претходната година го издадоа новиот албум „Љубов е“, до сега имаа повеќе концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола.
„Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни“, велат од ареа.
Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола на 7-ми октомври со почеток во 20 часот.