Во прв ред

Атомска р:еволуција на Егзит

Со големо задоволство Пасворд продукција ве известува дека овогодинешниот “Егзит” ќе пречека некои од најголемите имиња на современата музичка сцена. Том Јорк, основачот и неприкосновениот лидер на “Рејдиохед”, еден од највлијателните бендови на денешницата, ќе го предводи лајнап-от на Егзит фестивал со својот нов проект “Атомс фор пис”. Оваа супер група ни ги претставува вистинските музички ѕвезди – покрај фронтменот и спиритус мовенс на “Рејдиохед” – Том Јорк, тука се и легендарниот басист на “Ред хот чили пеперс”– Фли, славниот продуцент на групата “Рејдиохед” – Нигел Годрич како и тапанарот на Р.Е.М.и Бек– Џои Варонкер, и виртуозниот бразилски перкусионист – Мауро Рефоско“Сите сме многу возбудени што заедно со публиката на Егзит фестивал ќе имаме единствена можност да го чуеме еден од најбараните музички состави оваа година”, изјави Душан Ковачевиќ, стратешкиот директор на фестивалот.

“Отценети од светските медиуми како “супергрупа”, “Атомс фор пис” во овој момент се една од најврелите теми на светската музичка сцена”, рече Иван Миливојев, извршен директор на Егзит. “Сите светски фестивали се грабаат да ги добијат, а благодарение на угледот кој го има Егзит во музичката индустрија, сите посетители на фестивалот ќе имаат прилика да ги видат во живо на Петроварадинската тврдина”, додаде Миливојев. Драган Амброзиќ, програмскиот директор на главната фестивалска бина рече дека настапот на “Атомс фор пис”:

“Ќе биде единствена прилика домашната и регионалната публика да чуе како звучат вистинските музички легенди во полна сила, мајстори на музиката во ново издание во кое гитарскиот звук се претопува во дигитален, рок звукот во електроника, паролите во поезија”. “Атомс фор пис” во еден замав веќе го освои вистинските љубители на квалитетниот звук ширум планетата. Публиката на Егзит фестивал ќе има прилика да ужива во ексклузивното концертно издание на нивната прва турнеја. “Атомс фор пис” го објавуваат својот деби албум “Амок” на 25-ти февруари, а песните кои претходно беа поставени на интернет како што се “Default”, “Judge”, “Jury and Executioner”, “Amok” и други, ги воодушевија љубителите на овие великани.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: