Авалон продукција го најавува првиот концерт за 2020 година – Божо Вречо (Видео)

Водечкиот организатор на концерти во земјава, Авалон продукција, го најавува првиот концерт во концертната сезона за 2020 година. Нивниот прв проект во 2020 година доаѓа од балканските простори, а е навистина на светско ниво по сите параметри.

“Принцот на севдахот” или како што престижниот “Њујорк Тајмс” го нарекува, “човекот со ангелски глас”, Божо Вречо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23-ти февруари, со почеток во 19:30 часот.

Божо Вречо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов. Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Вречо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени. Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Има навистина ангелски глас, а во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми.

Повеќе на Музика24...