Авалон продукција најавува концерти во Скопје, Битола и Охрид

Нашите пријатели од Авалон продукција имаат важно соопштение и само добри вести за сите Вас  коишто сакате живот со музика, култура и убави нормални моменти.

Како што веќе објавивме минатиот понеделник, во договор со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, изготвени се протоколи под кои концертите се враќаат во Македонија. Тие протоколи овозможуваат од една страна безбедно следење на концерти и културни настани, а од друга страна сепак и достоинствено да можат да се проследат истите. Концертите ќе се одржуваат со 50 % од капацитетите, а публиката ќе носи заштитни маски.

Во тој контекст, Авалон Продукција подготви неверојатно квалитетна културна и возбудлива програма за месец август и првите две недели од септември, со неколку проекти коишто ќе се случат во Охрид, во Битола и во Скопје. Оваа програма е подготвена и со тенденција годинава да останеме во Македонија, и сите да дадеме свој придонес туристичката сезона барем во нејзиниот последен летен квартал да не доживее катастрофа. Авалон Продукција своите проекти ќе почне да ги најавува уште вечерва  (6-ти јули) во 21 часот.

Повеќе на Музика24...