Во прв ред

“Бајага и инструктори” ќе одржат концерт во Скопје

После најавата на неколку концерти во Охрид, Авалон продукција најавува концерт и во Скопје. После долго време култните “Бајага и инструктори” ќе одржат концерт на најубавата локација во градот, стадионот на АРМ.

На капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 карти во продажба за концертот на којшто “Бајага и Инструктори” ќе ги свират сите свои хитови од супербогатата 35 годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на легедарниот диригент Војкан Борисављевиќ.

Како што најавуваат од Авалон продукција, влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (20.07) во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket Store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија.

Концертот на Бајага и Инструктори ќе трае три часа, а за гостите коишто ќе ја отворат вечерта и ќе настапат како предгрупа, ќе бидете дополнително известени. Носењето на заштитни маски ќе биде задолжително за сите, без исклучок, согласно препораките и протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести за превенција од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира: