“Београдски синдикат” ќе настапат на “Таксират”

После 6 години, популарниот хип-хоп колектив од Србија, “Београдски синдикат” повторно ќе настапи на “”аксират”. Легендите од Дорчол кои ќе настапат на 7-ми декември во СЦ “Борис Трајковски”, ветуваат енергичен настап со гласни пораки без забранети теми.

“Бсст….Тишинчина!”, “Говедина”, “Сви заједно“, “Они су” итн, ќе бидат дел од настапот на 21-то издание на фестивалот “Таксират”. Организаторите претходно ги најавија настапите на: авторите на светскиот познат хит “Young Folks”, Peter Bjorn and John. Kaко и хрватскиот рок состав “Хладно пиво“ и британските бејс продуценти и херои на електронската сцена Chase & Status.

Повеќе на Музика24...