Во прв ред

Битола уживаше во кадифениот глас на Крсте Роџевски (Галерија)

Синоќа во Народниот театар – Битола свој целовечерен концерт одржа познатиот македонски музичар со њујоршка адреса, Крсте Роџевски. Ова беше прв соло концерт на Роџевски со негова авторска музика во родната Битола. Како што кажа тој, дел од своите нумери ги изведува за прв пат откако заминал пред 26 години од родниот град, што е на некој начин остварување на една голема желба.

Роџевски акустично изведе нумери од неколкуте свои албуми а на крајот изведе и нумера од неговиот претстоен албум посветен на Егејска Македонија а за кој е куриозитет тоа што наскоро ќе го издаде грчки издавач. Долги аплаузи следува после секоја изведба а публиката го врати Крсте и на бис.

Концертот беше во организација на Центарот за култура – Битола а во рамки на годишната програма за култура на Министерството за култура. Со овој концерт синоќа, започна и новата сезона на настани во Центарот за култура. А Роџевски вечерва ќе одржи концерт во Солун, Грција.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Можеби ќе ве интересира: