Во прв ред

Битола уживаше со музиката на Масимо Савиќ (ФОТО)

Вчера вечер во античкиот театар на Хераклеа во Битола се одржа концерт на еден од најмаркантните машки вокали, неповторливиот и единствен Масимо Савиќ.

Благодарение на Авалон продукција и “Божиновски“,  битолчани имаа ретка прилика и огромно задоволство да уживаат во хитовите на големата хрватска ѕвезда, што е ретка прилика и прв концерт на една вака голема ѕвезда во градот на конзулите и клавирите после неколку години.

Во текот на двочасовниот  концерт Масимо ги изведе своите најнови песни но и старите хитови и соработки. Верната публика и обожаветелите на Масимо од Битола и околината  во еден глас ги пееа со него големите хитови: “Из једног погледа“, “Kладим се на нас“ итн.

„Вие одлично пеете, за разлика од некои градови каде се каам што ја повикав публиката да пее со мене. Незнам дали е до генетиката, местоположбата или нешто друго. “ – ја пофали Масимо публиката.

Масимо во текот на концертот еден по еден ги претстави членовите на својот бенд помеѓу кои и перкусионистот со македонско потекло Борис Попов.  Сите членови на бендот имаа кратки соло точки со своите инструменти.

„Пред да дојдам ме предупредија дека битолската публика е тешка и пребирлива, голема чест ние што не повикавте овде во овој прекрасен амбиент да музицираме.“ – додаде Масимо.

За Музика 24 од Битола, Филип Етмишовски.
Фото: Мими Марковски, Facebook.

 

Можеби ќе ве интересира: