Во прв ред

Битолскиот дувачки оркестар брилираше со концертот на филмска музика

Битолскиот дувачки оркестар синоќа одржа уште еден одличен концерт, овој пат со нумери од  познати филмски блокбастери и анимирани филмови. Концертот започна со нумерата „Cheek to Cheek“ и музиката од романтичната комедија „April in Paris“ од 1952 година. Следуваше сплет нумери од Blues Brothers, а по нив на задоволство на публиката следува култниот саундтрак за „Роки“ и препознатливиот инструментал од миленикот на сите генерации „Пинк Пантер“. Репертоарот опфати филмска музика од сите страни на светот па така оркестарот ги отсвире музичките делови од јапонскиот анимиран филм „Cowboy Bebop“ и мексиканските „Children of Sanchez“ и „Tijuana taxi“.

Оркестарот и програмата ја водеше Марјан Бакревски а од оркестарот посебно се истакнаа Стефан Тасевски на саксофон и младиот тапанар Бојан Анакијевски, кои добија долги аплаузи за своите извонредни изведби.


Домаќин на концертот беше Центарот за култура – Битола кои со овој концерт симболично го одбележаа 10-от роденден на 3Д Кино Битола. Од Битолскиот дувачки оркестар најавија уште еден концерт веќе следниот месец.  А позитивните реакции на публиката на квалитетниот состав и програма нека бидат повод да се размисли за интегрирање на овој оркестар во институционални рамки.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

 

Можеби ќе ве интересира: