Во прв ред

Битолскиот дувачки оркестар го најавува концертот „Latin Jazz Groove“

На 1-ви декември со почеток во 20 часот во Центар за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар најавува нов голем концерт насловен „Latin Jazz Groove: Big Band Edition“.

Публиката ќе ужива во латино звуците на оркестарот и во вокалот на нашиот гостин Бојан Стојков. На репертоарот ќе имате можност да слушнете голем број на популарни светски хитови меѓу кои и македонски евергрини во латино ритам.

Набавете ги вашите влезници уште денес на билетарницата во Центар за култура – Битола и не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од ноќта исполнета со заразните латино ритмови.

Можеби ќе ве интересира: