Во прв ред

Битолскиот дувачки оркестар и Јасна Димитровска ќе ги изведат најголемите хитови на Френк Синатра

Февруари е концертен месец во Центарот на култура – Битола, после двата најавени концерти во чест на Аки и Тоше на 18-ти и 19-ти месецов, викендов уште еден концерт. Во сабота (12.02.) со почеток во 20 часот свој концерт ќе одржи Битолскиот Дувачки Оркестар и Јасна Димитровска, насловен „Love O`clock: Fly me to the Moon“.

Ова ќе биде романтичен концерт на чиј репертоар ќе се најдат најголемите хитови на безвремениот Френк Синатра. Влезниците по цена од 250 денари се пуштени во продажба на билетарата на Центар за култура, од 15 до 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: