Во прв ред

Бобан Милошески е модератор, а Галоски ќе има ексклузивен сет на Avalon Network Conference

Сопственикот на Авалон Продукција – Бобан Милошески ја има улогата на модератор на претстојната онлајн конференција “Live Music on life support, what now? која ќе се одржи на 12-ти декември.

Со цел да се разработи проблематиката на концертната индустрија во 2020-та, Милошески ќе отвори повеќе теми за дискусија преку кои неговите колеги промотери, менаџери и артисти од регионот ќе имаат шанса да ја раскажат сопствената професионална битка, ќе дадат одговори и нивни согледувања за тоа како и колку коронавирусот ќе остави последици врз концертната индустрија.

Еден од најистакнатите диџеи на Балканот, Galoski, ќе настапи со ексклузивен сет на Avalon Network Conference, на 12-ти декември. Galoski со неговите последни изданија периодов предизвика вистински бум на светските денс топ листи. Неговите нумери се поддржани од најдобрите светски имиња како: Tiesto, David Guetta, Martin Garrix, Hardwell, Dimitri Vegas & Like Mike, Steve Aoki, Diplo и др, додека магазинот “Billboard” неодамна даде највисок рејтинг за неговата последна нумера со наслов „Got me feeling”.

Можеби ќе ве интересира: