После големата стенд ап турнеја насловена “Tour de stand up”, познатиот стенд ап мајстор, актер и комичар Бојан Велевски на 28-ми ноември направи вистинско стенд ап шоу во Домот на АРМ во Скопје. Како што вети пред одржување на стенд ап-от, така и се случи, публиката непрестано се смееше и едноставно уживаше во она што Бојан како веќе добро познат во она што го работи, само уште еднаш тоа го докажа на дело.
Говереше за македонската музика, телевизиите, за секојдневието, младите… и се она што го опкружува во текот на денот. И самиот тој на почетокот од шоуто кажа дека многу му е жал што и покрај големиот интерес за неговиот стенд ап, сепак некои од заинтересираните немаа можност да бидат дел од истото, затоа тој сите повторно Ви закажува средба и тоа на Ваше барање.
Предновогоднишно смеење со Бојан, повторно во Дом на АРМ. По спектакуларното прво шоу на 23-ти декември со почеток во 20 часот, повторно неконтолирано смеење и стенд ап кој долго ќе се памети. Влезниците можете да ги набавите по цена од 200 денари во Пола Југотон и на интернет преку www.kupikartizase.mk.
Побрзајте и уживајте!
Подготви: Андреја Андреевиќ