Бројни културни настани на “Велешко културно лето” од 29-ти јули до 30-ти август

Иако се уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар на културни настани за своите граѓани. Во период од еден месец ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, изложби, филмски проекции, мултимедијални проекти, перформанси и друго.

Според динамиката на активности во месец август ќе бидат организирани повеќе настани со уметници од градот и државата. Сите настани и активности ќе бидат организирани на отворено, согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

“Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани”, соопшти пред медиумите градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Во продолжение Ви ја пренесуваме целосната програма на оваа манифестација.

Датум Настапуваат Локација Почеток
29.07.2020, среда Јубилеен концерт 25 години балетско студио “АНАБЕЛА” Амфитеатар, Младински парк 20:00
01.08.2020, сабота Концерт “Македонски ноти”

Група “Соната” и Група “Виртус”

Амфитеатар, Младински парк 20:00
02.08.2020, недела Филмска видео проекција “Републиката во пламен” Амфитеатар, Младински парк 20:00
04.08.2020, вторник Концерт: “ЕВЕРГРИН поп-рок сцена”

Тринити бенд и R’n’B neighbors

Амфитеатар, Младински парк 20:00
05.08.2020, среда Изложба на фотографии “Велес низ старите фотографии”

Автори: Марин Клифов и Павлина Василева

Ликовен салон 19:30
08.08.2020, сабота Концерт: “Џез Подиум” – “Агни Авшар Квинтет” Амфитеатар, Младински парк 20:00
11.08.2020, вторник Поезија за возрасни “Во градината има само љубов”

Автор: Филип Димкоски

Парк ООУ “Васил Главинов” 19:00
12.08.2020, среда Концерт на класична музика “Велешки видри”

Љубица Малинова, Дора Пајдакова, Филип Костовски, Исмаил Дурмишовски и Даниела Теова

Амфитеатар, Младински парк 20:00
13.08.2020, четврток Јубилејна изложбана дела во мозаична техника “Се што не ти кажав” – Снежана Лазарова – Луна Ликовен салон 20:00
15.08.2020, сабота Концерт на Градски камерен оркестар и солисти “Сербез класика” Амфитеатар, Младински парк 20:00
18.08.2020, вторник Поетско-музички перформанс: “Песни и звуци од чудната шума” – “ВИС Тркалезна маса” Амфитеатар, Младински парк 20:00
19.08.2020, среда Етно концерт: “Гајди и кавали”

“Балкански музички центар – Македонија”

Амфитеатар, Младински парк 20:00
20.08.2020, четврток “Велешка поетска вечер” 

Клуб на писатели “Коста Солев Рацин”

Амфитеатар, Младински парк 20:00
22.08.2020, сабота Филмски маратон: Проекција на три македонски играни филмови Амфитеатар, Младински парк 20:00
25.08.2020, вторник Концерт проект: “Лејдис & Џентлмен”

Мали камерни состави на Пламенка Трајковска и “Трио Џентлмен”

Амфитеатар, Младински парк 20:00
28.08.2020, петок Концерт на класична музика: “Живеј со музика”

Влатко Груевски, тенор во придружба на пијанистот и диригент Андреј Наунов

Амфитеатар, Младински парк 20:00
30.8.2020, недела Едукативна театарска претстава за деца: “Пред зграда”, Театарска трупа “СМАРТ-ковци”, Bullfrogs во копродукција со DreamArt Амфитеатар, Младински парк 11:00
Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.