Чаирскиот романтичар Владо Јаневски на ексклузивен концерт во Intermezzo Music Bar (Фото)

По незаборавната вечер со Павле Камилоски, Intermezzo Music Bar продолжува со исто темпо – гостување на врвна ѕвезда, а за убав повод. Овој пат во чест на празникот на дамите (8ми март) е закажан ексклузивниот концерт на чаирскиот романтичар, сопственикот на најубавите балади и човекот чиј глас никого не остава рамнодушен, единствениот Владо Јаневски.

Настапот на неповторливиот Владо, кој деновиве е актуелен со одличната балада “Недостасуваш” е закажан за в недела, со почеток во 20 часот. Интересно е дека освен што неделниот настап ќе биде премиерна изведба на новата песна, всушност ќе биде и едно сосема поинакво издание на Владо, бидејќи неговиот настап е дел од серијалот најавени камерни концерти во Intermezzo Music Bar.

“Камерните концерти веќе стануваат наш заштитен знак и се дел од богатата музичка програма која ја одбираме и подготвуваме со големо внимание. Нашата интенција е да ги задоволиме вкусовите на сите драги гости и пријатели”, велат од најдобриот и единствениот музички бар во градот.

И како што би рекол Владо во една од своите балади, не чекајте некој да ви дојави, едноставно бидете дел од најдобрата забава во градот – недела 20 часот Intermezzo Music Bar. Не пропуштајте ја можноста заедно да бидеме евергрин, љубов без почеток и крај… ко златен круг…
Влезниците се по цена од 300 денари, а нивниот број е ограничен.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com