Во прв ред

Цела фолк естрада ќе настапи на Културно-забавно лето во Новаци (Фото)

Вечерва во дворот на Општина Новаци со музичкото шоу „Имат-немат“ започнува Културното-забавно лето Новаци 2021. Културното лето ќе трае од 21-ви јули па се до 17-ти август а во програмата се предвидени шест музички настани на кои ќе настпат познати фолк изведувачи од Македонија.

На 24-ти јули во манастирот Св.Атанасиј во с.Старавина на настанот „Мариово во срце те носам“ ќе настапат Сузана Гавазова и Дарко Билбиловски. На 29-ти јули во дворот на Општина Новаци ќе се одржи концерт на повеќе играорни друштва од земјава и странство. На 01-ви и 02-ри август во с.Градешница свој настап ќе има Борче Наумовски и неговата група, на 08-ми август на излетничкото место покрај река Коњарка ќе запее Јордан Митев со својот оркестар. Манифестација се завршува со Фестивал на летен фолк хит каде ќе настапат 22 пејачи и групи.

Настаните ќе се одржуваат согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....