Во прв ред

„Conquering Lion“ вечерва со онлајн концерт ќе го промовира албумот „Revolution Time“

Тетовскиот реге/даб/кросовер бенд „Conquering Lion“ вечерва 22-ри ноември со почеток од 21 часот во МКЦ ќе имаат концерт, кој ќе се прикажува онлајн и ќе го промовираат последниот албумот „Revolution Time“.

„Conquering Lion“ своето творештво го започнува на 7 април 2007. Во октомври 2009, бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како „I“ за PMG Recordings на кој може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната „Jah Love“.

Досега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот албум насловен „Know Your Wisdom“ излезе на 26 август 2011, по кој следеше 30 дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22 Ноември 2013 бендот го издаде третиот албум „Revelation“ за издавачката куќа „Password Production“ од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја.

Како едни од поважните настапи на „Conquering Lion“ може да се издвојат оние со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote… Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, “Riding Higher” во Германија, “In Music Festival” во Хрватска, “Таксират Фестивал” во Македонија…

Бендот го издава својот 5-ти по ред студиски албум „Revolution Time“ na 30 март 2020 за британскиот издавач „Rehegoo Music Group“.

Можеби ќе ве интересира: