Во прв ред

„Црвена јабука” во Охрид на „Антички” (Фото)

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука” доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на  “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Ова ќе биде уште еден настан каде ќе се потсетите на старата и добра музика, но и хитовите кои оставија белег на своето време. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com  и кај Аждер.

Можеби ќе ве интересира: