Легендарниот сараевски рок состав „Црвена јабука“ после долга пауза се враќа на концерт во Битола. На 21-ви јули на Ракометното игралиште, Жера и момците ќе ги изведат најголемите хитови кои овој култен бенд ги создава од 1985 година а се разбира и новиот материјал од албумот „Тврџава“.
Концертот е дел од нивната турнеја со која одбележуваат јубилеј 35 години постоење на музичката сцена. Карти се веќе во продажба по цена од 350 денари, online на www.kupikarta.com, Brothers Tobacco и Хотел Милениум.