Во прв ред

Дамјан Пејчиновски Трио со концерт во МКЦ

Во Младинскиот Културен Центар на 10-ти ноември ќе се одржи прв концерт на Дамјан Пејчиновски Трио, кој го сочинуваат Дамјан Пејчиновски, Горан Гешоски и Стефан Миладинов. После многубројните настапи низ Македонија и Бугарија ова е прв концерт на триото.

Пејчиноски за прв пат почнал да свири на гитара од својата шеста година. Завршил дипломски и мастер студии на музичката академија во Софија, Бугарија, а во 2010-та настапува на евровизискиот натпревар во Осло со македонскиот тим. Следат многу награди и признанија на настапите во Романија, Унгарија, Хрватска, Србија, како и Велика Британија. Пејчиноски е првиот балкански музичар што некогаш е спонзориран од американската компанија “ПРС гитарс” (PRS Guitars) со рачно изработена гитара специјално за него. Гитари од оваа компанија поседуваат големите светски гитаристи Сантана, Орианти, Дејв Наваро.

Концертот започнува во 21 часот , а билетите чинат 150 денари.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: