Данијела Мартиновиќ: Искористете ја својата прилика да оставите трага во вечноста (Фото)

Изминатите два дена Скопје и Македонската Народен Театар уживаа едно посебно музичко доживување, концертот на овој пат искрената, оргинална и емотивна Данијела Мартиновиќ. Ако досега бевме навикнати да ја гледаме во големите концертни сали, на разно-разните манифестации низ Македонија и сето тоа беше општо прифатено за забавување на широката народна маса со весели и брзи песни, овој пат, реално, тоа беше вистинско емотивно и интимно дружење со скопската публика, со одреден број на седишта, со посебен аранжман на брзите и поспори песни од нејзиниот репертоар. Сето тоа беше со еден збор, уживање на сите човечки сетила. Да не го заборавиме тука и бендот кој за целовреметраење на концертот иако глас не им се слушна, освен тогаш кога требаше, беспрекорно и строго професионално од првата до последната минута уживаа во концертот исто колку и публиката, исто колку и таа… Данијела Мартиновиќ.

Концертот започна со музичко интро со стих од една од нејзините книги со поезија. Низ текот на концертот самата Мартиновиќ раскажа колку само срамежливо ја презентирала нејзината поезија на самиот почеток од идејата, мотивацијата и желбата да започне да пишува. Но, зад себе има веќе втора книга издадена со поезија, која таа самата своите емоции и чувства ги преточува во пишан збор.

“Осмели се, биди свој… Тој што не ја прифаќа твојата различност не е вреден да е покрај тебе”, беа дел од стиховите со кој што Данијела го започна концертот, а веднаш после тоа истот го стартуваше со хитовската “Зовем те ја”, песна која што на крајот ја модифицираше и ја отпеа со посвета за присутната публика: “Знаете ли дека сите вие сте љубов моја”, на што доби силен громогласен аплауз.

Таа за време на тричасовниот концерт ги раскажуваше музичките приказни, доживувања и анегдоти со дел од нејзините соработници, со многу емоции се сети на нејзините драги луѓе, на неколку живи, но и починати музичари што оставиле белег на нејзината музичка кариера како што се Кемал Монтено, Ѓорѓе Новковиќ, Арсен Дедиќ… а веднаш потоа ја исполнуваше и песната која беше врзана за тој музички соработник. “То мало љубави” ја посвети на својот татко кој не е повеќе со нас.

“Знаете, бев несфатена, во еден момент, бев напуштена и сама, и сфатив дека во мојот живот вие не сте само број, туку причината зошто го правам ова и зошто живеам. Живеам за вакви вечери. Ви благодарам што постоите”, се обрати таа кон публиката и понесена од емоциите се расплака на сцената.

Освен Данијела која се даде целосно на сцената и уживаше во концертот пеејќи и играјќи на своите песни која публиката непрестано ги пееше, уживаа и тие, публиката која што речиси 10 години чекаше да ја види повторно на македонската сцена со еден ваков емотивен и оргинален концерт. Сите уживаа на свој начин.

После извесен период таа ги соблече салонките неможејќи убаво да игра на сцената. Па се редеа: “Нека ми несване”, “Плеши самном”, “Бродолом”, “Марке немам”… и уште многу други познати хит рефрени.

“Не сакам да заврши оваа волшебна вечер”, кажа Данијела. После повлекување од сцената, таа заедно со својот бенд се вратија на бис. Публиката пресреќна аплаудираше и пееше. Сите играа, Данијела на сцената, публиката станата од своите места.

Како што започна, така и заврши концертот. Со емоции и стихови од нејзините книги поезија. Таа пред да се поздрави со публиката и да ја закаже можеби следната средба се обрати и кажа:

“И за крај, што е всушност “Неописиво”? Неописивото го носите сите вие во вас, и понесете го тоа доживување од животот. Не постои никој од почетокот до крајот на човештвото како вас. Ниту еден единствен човек. Никој нема да се повтори, затоа искористета ја својата прилика. Искористете ја својата прилика да оставите трага во вечноста. И плашете се од темината, колку и да е мала светлината, јас ќе бидам во таму некаде во мракот. Одете, светлете, направете го овој свет подобро место”, на што доби громогласен аплаус, што и навистина беше заслужено.

Организатор на концертите на Данијела во Скопје беше “Евентум”.

Подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...