Во прв ред

Денес започнува “Пролетен Вино Фест” во Скопје

Со настап на “The Hounds” и гостинот од Црна Гора – Бојан Маровиќ, денеска почнува Пролетниот вински фестивал што го организира Веро центарот во Скопје. Посетителите до 10-ти мај ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени и да уживаат во деликатесната храна. Организаторите, како што велат, се погрижија да има музика за сечиј вкус. Најавуваат настапи на Last Expedition, Cross road Blues Band и Backdoor Band во четврток, како и на Бета Хаус, Миле Кузмановски и Жаре Бербер во петок.

Proleten Vino Fest

Во сабота се Летечки пекинезери, Нина Јанева & 2 Exit и маестро Игор Џамбазов, додека последниот ден на фестивалот е резервиран за македонска етно музика со бендот Калевала, но и со нов проект “Каверленд”, чиј вокал е победничката на “Макфест”, Александра Јанева.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: