Вчеравечер Дино Мерлин по четврти пат го наполни Кошево, а присутната публика од околу 70.000 илјади луѓе цели три часа ги пееше неговите песни, започнувајќи од првата “Шкољка” и сите песни од новиот албум, до старите хитови како што се “Лаку ноч моја мала барбико”, “Хитна”, “Ја потпуно тријезан умирем”, “Средином”… и многу други.
Мерлин на почетокот на концертот се обрати на публиката со зборовите: “Дали сте подготвени за љубов?”, и веднаш потоа ја отпеа песната “Недостајеш”. Тоа беше вечер исполнета со многу љубов и емоции. А преполнетото Кошево го следеше Дино во секој стих, и заедно ги пееја и старите и нови песни. Песната “Хотел Национал” по кој што е насловен новиот последен албум и турнејата, беше петта песна која што Дино ја отпеа, а публиката го пратеше на глас. Веднаш потоа следеа песни од новиот албум, како што е преубават балада “Ако изговорим љубав”.
“Во подготовките за концертот многу луѓе ме прашаа какво е чувството по четврти пат да се пее на Кошево. А јас им реков дека незнам, бидејќи прв пат ми е да пејам четврти пат тука”, кажа Дино Мерлин пред да ја отпее песната “Кад си рекла да ме волиш”. А веднаш потоа се редеа песните од новиот албум “Све до медаље”, “Све док те буде имало”…
Пред песната “Јел Сарајево где је некад било”, на која публиката реагираше со ерупција на воодушевување, Мерлин покажа кон сараевскиот театар и рече:
“Гледате ли што е животот, оваа мала зграда, легендарниот сараевски театар, тука сум роден. 52 години живот и 30 години кариера, а сега току од оваа зграда ме делат само 100 метри”. Потоа Дино со посебни емоции и љубов ја изведе баладата “Ружа”.
Специјален гостин на концертот беше 11 годишниот Давид Радосављевиќ кој заедно со Мерлин ја отпеја совршената “Ех, да је туга снијег”. Кога Мерлин ги претставуваше музичарите кажа дека тој би сакал и публиката да се претстави. А веднаш потоа, Кошево на цел глас ја запеа “Босном бехар пробехарао”.
“Ова е луѓе како сон, а за секој ден најважен е сонувачот. Сонував дека Сарајево ќе биде сплотено од љубов од Сарајлија, но и од нашите пријатели од Тузла, Сребреница, Белград, Љубљана, Загреб… Да го живееме нашиот сон”, кажа Дино Мерлин, а веднаш потоа ја отпеја “Десет млаџа”.
Публиката се потцети и на старите добри хитови како што се “Кремен”, “Све је лаж”. Кога екипата која што го следеше цела вечер Мерлин сакаше да се поклони, публиката не им дозволи да си одат. Па веднаш потоа, на сцената се појавија актерите од спотот за песната “Ране” кој заедно изведоа одличен перформанс. Веднаш потоа, концертот продолжи со песната “Мој је живот Швицарска”, а некаде при крајот на концертот Дино заедно со музичарите направи селфи фотографија заедно со публиката, нешто слично како што се случи и на скопскиот концерт во спорстката арена “Борис Трајковски”.
Легендарната и предобра песна “Кад замиришу јорговани”, Мерлин ја отпеа без пејачката Весна Змијанац, а на самиот крај на концертот тој ги исполни песните “Босном бехар пробехарао”, “Лажу, лажу ме” и “Ундо”.
Како што доликува за еден голем и спектакуларен концерт, на крајот од вечерта, истиот заврши со неколку минутен огномет кој што присутните ги остави без зборови. А Дино на крајот од концерт и се обрати на публиката:
“Нека ова остане како момент за помнење, нешто што заедно го доживеавме”, истовремено заблагодарувајќи се на публиката, заедно со музичарите, претечките вокали ја напуштија сцената, со што заврши уште еден одлично подготвен, професионално изведен и реализиран концерт на мега пупуларниот и легендарен пејач Дино Мерлин.
За Музика24 од Сарајево, БиХ: Елена Крагуевска во соработка со klix.ba