Во прв ред

Летово голем концерт на Дино Мерлин во Охрид

После совршениот и незаборавен скопски концерт во “Борис Трајковски”, одличниот настап на минатогодишниот “Пивофест”, македонската публика и оваа година во месец јули ќе ја има можноста и онаа ретка привилегија да ужива и да се биде дел од концертот на познатиот балкански пејач Дино Мерлин.

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, овогодинешниот голем концерт на Мерлин ќе се одржи во Охрид на градскиот стадион “Билјанини Извори” на 23-ти јули. Како и секогаш, така и овој пат, тој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како и песните од последниот албум “Хотел Национал”, кој минатата година го промовираше во Скопје

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: