Во прв ред

Дино Мерлин со најава за одличен концерт пред македонската публика (Фото)

Во пресрет на веќе најавениот концерт, Дино Мерлин пред неколку дена одржа прес конференција во Скопје во трговскиот центар “Ramstore Mall” каде што пред многубројната група на новинари заедно со менаџерскиот тим открија детали за концертот, како и се она што се случувало во неговата кариера последните неколку години. Тој меѓудругото кажа дека Македонија е надалеку позната по тоа што ја негува добрата музика.

“Кога доаѓам во Македонија, знам дека ова е земја на музикален народ и оти е земја која на тоа поле направи голем напредок”, изјави Мерлин пред новинарите. Пејачот се потсети на тоа дека веќе 4 години не го посетил нашиот главен град, кога всушност и одржа концерт во “Метрополис” арената, одтогаш па наваму, како што напомена Мерлин градот многу се променил.

Dino Merlin_press skopje_2“Одушевен сум од новиот аеродром. Во Скопје се изградени нови згради за тоа се зборуваше доста по медиумите и кај нас и сакав со свои очи да го видам римејкот на Скопје”, изјави Дино Мерлин додавајќи дека му се допаѓа новиот изглед на македонската престолнинна.

Напоменуваме дека концертот на балкански мега популарниот пејач Дино Мерлин ќе се одржи на 28-ми март во спортската арена “Борис Трајковски”, а картите се веќе пуштени во продажба во веќе добро познатите продажни места.

Подготви: Иван Јосимовски

Фото: Музика24

Можеби ќе ве интересира: