Во прв ред Музика на кирилица

ДНК со најава на голем спектакуларен концерт за 3-ти декември 2022 (Фото+Видео)

Денес точно напладне во познатиот скопски хотел “Парк” се одржа прес-конференција на која двоецот Панчо/Андреј – ДНК, уште од сега си закажаа термин за концерт, и тоа ниту едно ниту две, туку трети декември 2022 година. Концертот ќе се одржи во спортската арена „Борис Трајковски“, а билетите, како што и самите кажаа, ќе бидат пуштени од 13-ти јуни понеделник, точно напладне преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Со оглед на тоа дека Панчо и Андреј слават 20-годишен јубилеј, во првите 20 дена, односно во периодот од 13-ти јуни до 2-ри јули, билети ќе се продаваат по следниве цени:

  • ВИП 800 денари,
  • ВИП коњопој 800 денари,
  • Фан пит 200 денари и
  • Седење (трибини) 350 денари.

Веќе од 2 јули цените ќе бидат следни: ВИП 1000 денари, ВИП коњопој 1000 денари, фан пит 350 денари и седење (трибини) 450 денари.

“Ние сме луѓе од народот и да можеме да си го дозволиме тоа, ако целиот концерт ни е покриен од спонзори, верувајте не би ни наплаќале влезници, а така е затоа што се чувствуваме должни за сите 20 години поддршка што ја добиваме од целата наша публика. Сакаме некако да им возвратиме на сите и секој еден да може да си дозволи да биде присутен на концертот на 3-ти декември. Цените на билетите можеби се ниски, но ние сме убедени дека овој наш гест не е потценување на нашата работа, туку само гест на почит кон публиката која е со нас цели 20 години”, едногласни се Панчо и Андреј.

Освен што беа соопштени деталите за концертот, на денешната прес-конференција се случи и медиумската промоција на темата „Ако утре ме нема“.

„Ако утре ме нема“ е тема зад која стои веќе стандардната екипа – Панчо и Лазар Цветкоски, овој пат засилена од неверојатниот Џамбо Агушев, кој замеша прсти во аранжманот. Видеото, пак, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски – Ѓуле, монтажа и колор.

Можеби ќе ве интересира: