Изминатиот период Музика24 во соработка со Колосеум ви доделуваа гратис билети за долго најавуваниот и очекуван кам-бек концерт пред македонската публика на познатата македонска поп група “Куку Леле” односно Роберт и Панки. Тие по 10 годишна пауза, на 2-ри март повторно пред македонската публика ќе имаат свој концерт во Колосеум каде ќе Ве потцетат на старите добро познати незаборавни хитови: “Се е против нас”, “Постела од рози”, “Прегрни ме”, “Кучко неверна”, “Кажи ми, речи ми”, “Ме канат на свадба”, “Не плачи не жали”… и уште многу, многу други. Во нашата наградна игра учествуваа и ни пишуваа многу, меѓутоа добитници на два гратис билети се:
1.Горан Костов (2 билети)
2.Маја Паневска (2 билети)
3.Олгица Чекичевска (2 билети)
4.Душко Андов (2 билети)
На среќните добитници Музика24 им честита, а на сите оние кои не биле во можност да добијат гратис билети за овој настан, Музика24 организира и ќе организира и други наградни игри каде што би можеле да бидете потенцијален добитник на влезници за некој концерт или театарска претстава.