Во прв ред

Договорена цената по која ќе се продава пастрмалијата на „Пастрмалијада 2022“

Штипската пастрмалија на познатата манифестација „Пастрмалијада“ годинава ќе се продава по 190 денари. Што е за 40 денари поскапо од минатото издание. Цената беше договорена на средба помеѓу угостителите, градоначалникот и општината. Универзалните стандарди за составот на пастрамлијата остануваат исти, 150 грама месо и 250 грама тесто.

Покрај за цената на состанокот се разговораше и за закупувањето штандови. Покровителите и пријателите на „Пастрмалијада“ ќе можат да постават и нестандарден штанд, а ќе платат зависно од локацијата, над 3000 евра. Штандовите на кои ќе се продава пастрмалија ќе се закупуваат за 200 евра, а оние кои сакаат да продаваат други производи ќе платат по 1000 евра. Барањата за користење на простор се доставуваа до 6-ти септември а жребувањето на понудените локации е закажано за 7-ми септември.

Можеби ќе ве интересира: