Во прв ред

Драган Мијалковски со концерт во Универзална сала

Музика24 дознава дека познатиот легендарен доајен – поп изведувач на македонската музичка сцена Драган Михајловски со кој растеле многу генерации, на почетокот на месец март во Универзалната сала ќе одржи концерт. Тој своите безвременски песни, хитови, рефрени ќе ги отпее во придружба на големиот ревиски оркестар. Концертот е во организација на Македонската радио телевизија. Како што и самиот вели, овој концерт го доживува како музички портрет на голем број уметници и презентација на авторите, потписници на неговите песни.  Во интервју за “Дневник” тој вели:

“Самиот чин, формирањето на ревискиот оркестар по повод Скопскиот фестивал 2012, e мотив на овој начин да се искористат неговата енергија, капацитетот и младоста. Сите влегоа со голем ентузијазам во овој проект. Беше природно по добрите оцени што ги доби по одржувањето на фестивалот и учеството во новогодишната програма да биде вклучен и во еден ваков настан. Сакав да го поддржам и драго ми е што мене ме одбраа како пејач, веројатно зашто сум поактивен од другите од тој далечен период на творештво и продукција. Со моето учество да и дадам поддршка на таа млада екипа, на која и претстои кариера”, изјавил Мијалковски во интервјуто за “Дневник”.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: