Дуото Селимова-Желчевски со голем солистички концерт во ноември

Во организација на Министерството за култура на Република Македонија, Туристичката агенција “Торија” и К-Тим продукција, на 15-ти ноември во Домот на АРМ, по неколку децении, ќе се одржи солистички концерт на легендарното фолк дуо Селимова – Желчевски. Поводот за овој концерт и дружењето со македонската публика е одбележувањето на златниот јубилеј – 50 години музичка кариера. Освен најголемите хитови на дуото, како што не известуваат од организацијата, како изненадување на присутните ќе биде специјално подготвена музичка програма сервирана од пријателите и соработниците на Кефсер и Ѓорги, а дел од концертниот спектакал ќе бидат и членовите на КУД “Орце Николов”, културно уметничкото друштво кое е врзано за музичките почетоци на Кефсер. Подготви: Марија Поповска
Повеќе на Музика24...