Во прв ред

Дупла рокенрол забава: „АРЕА“ и „Ван Гог“ во една вечер на иста сцена (ФОТО)

После одложување од десетина дена поради неповолните временски прилики, вчеравечер на Ракометно игралиште во Битола се одржа долгонајавуваната дупла рокенрол забава со „Ван Гог“ и „АРЕА“. Во организација на Сцена продукција, во рамки на славеничка турнеја на еден од најпознатите македонски рок состави – „АРЕА“ се одржа голем заеднички концерт на овој култен македонски бенд рок бенд и еден од најквалитетните рок состави во регионот „Ван Гог“.

„АРЕА“ оваа година слават 30 години на сцената во кои три децении неуморно создаваат македонска рок музика и испишуваат успешна рокенрол приказна. Тие за битолчани ги отпеаа бројни хитови од изминатите три децении но и неколку нови песни од албумот кој наскоро ќе излезе. За крај на концертот на „АРЕА“ а како најава за „Ван Гог“, Ружица и Џуле ја отпеаа дуетската „Дозволи ми“, која датира од пред дваестина години. За „Ван Гог“, се разбира ова не беше прв концерт во Битола, но повторно се потврди креативната непредвидливост на овој рок состав и фактот дека е ниту еден нивен концерт не ист туку секој е нова музичко-сценска приказна. Освен богата сет листа со песни од различни периоди на нивната повеќедецениска кариера, Џуле и момците ги оставија своите срца на сцената и на публиката и подарија енергична изведба а интеракцијата и размената на позитивната енергија меѓу публиката и бендот беше и повеќе од очигледна. Во сеќавање на публиката со сигурност ќе останат и моментите кога Џуле на неколку минути  се симна помеѓу публиката, како и моментот кога по барање на Џуле сите светла во игралиштето вклучувајќи ја и сцената се угаснаа за како што рече Џуле, бакнежи помеѓу паровите во публиката.

Ова беше уште еден одличен концерт во низа, по оние на Девито и „Бајага и Инструктори“. Битолчани и ова лето ја имаат привилегијата да бидат единствениот град со толку богат културно-забавен живот исполнет со концерти на десетици изведувачи и бендови кои ова лето ќе настапат во Битола.

Можеби ќе ве интересира: