Во прв ред

Два концерти „MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2“ со Камерен Оркестар на Битола (Фото)

По незаборавниот успех минатата година со два распродадени концерти во Битола и Скопје во рекордно време од само неколку часа, проектот „MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s“ на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect се враќа на сцената. Оваа година, подгответе се да уживате уште еднаш во магијата на златните години на музиката, со изменет репертоар кој вклучува и незаборавни рок хитови од легендарните рок бендови што ја обликуваа музичката сцена во оваа ера како што се Guns N’ Roses, Queen и многу други.

Интересот за првиот концерт „MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2“ кој е закажан за 03.02.2024 година, Центар за култура, Битола со почеток од 19.30 часот беше огромен, и билетите за истиот беа распродадени за само 3 часа. Поради тоа, Камерниот оркестар на Битола со задоволство објавува уште еден концерт наредниот ден – 04.02.2024.

За задоволството на публиката да е уште поголемо вонвременските хитови од 80-тите и 90-тите ќе бидат изведени од Dona Marina Martensson (женскиот вокал на светски познатата авангардна музичка група Лајбах (Laibach), Полина Тасева, Ана Петановска, Агни Авшар, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Мила Николовска, Огнен Димовски, и извонредниот поп-рок хор БитВокс.

Дојдете и бидете дел од ова музичко патување со Камерниот Оркестар на Битола. Билетите брзо се распродаваат, па не пропуштајте ја вашата шанса да бидете дел од ова музичко искуство.

За повеќе информации, како и слики од минатата вечер, следете ги профилите на Камерен Оркестар на Битола на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ја нивната веб страна www.chamberorchestrabitola.com.

Можеби ќе ве интересира: