Во сабота на 26-ти овој месец, предновогодишно ќе се одржи големиот и долго најавуваниот “Џамбо фестивал” каде мега популарниот и најпознатиот македонски шоумен Игор Џамбазов со своите пријатели ќе Ви подготви и презентира вистинско предновогодшно лудило. Како што велат организаторите на овој фестивал, овој настан ќе претставува празник за урбаната култура кое ќе трае со часови.
На овој “Џамбо фестивал” ќе имате ретка привилегија во живо да ги слушнете старо-новите хитови на Џамбазов, како и дел од неговите пријатели кои ќе настапат на сцената. Влезниците се пуштени во продажба и истите можете да ги набавите во сите музички продавници, како и on-line преку MK Ticketc.
Незаборавајте, 26-ти декември со почеток во 20 часот, Метрополис арена и големиот Игор Џамбазов на “Џамбо фестивал”.
Подготви: Марија Поповска