Додека многумина од Вас со душа ги чекаат разно разните концерти од познатите музички имиња кои ни доаѓаат од соседството и подалеку, една од нашите македонски музички групи Љубојна во неделата вечер им одржа одлична лекција на сите наши музички имиња како без комерцијална музика да наполните две универзални сали и да одржите два совршено осмислени концерти, односно вистински перформанси. Едноставно, секоја чест!
Уште од самиот старт на концертот, па речиси до неговото завршување публиката беше на нозе и ги пееше песните од оваа наша македонска група, а пејачката Вера Милошевска… толку лесно, едноставно, стилски, умешно, професионално и симпатично уживаше во концертот, уживаше во секој звук, секоја песна, секој аплауз од публиката која како поминуваа песна за песна се повеќе и посилно аплаудираше, нешто што за ваква музика верувајте е премалку…
Љубојна кон крајот на оваа година остави голем белег со својот нов албум и секако промоцијата на истиот преку двата рекордно распродадени концерти, нешто што верувајте ретко се случува во Македонија. Уште еднаш дечки, секоја чест и имате голема подршка како од Вашата публика, така и од Специјализираниот македонски музички портал Музика24.
Во продолжение, Ви предлагаме само за момент да уживате и да ја доловите адмосферата која што пред само некој ден беше дел од Универзалната сала.
Подготви: Магдалена Атанасовска
Фото и видео: Музика24