Во прв ред

Елена Велевска, Либеро Бенд, Милица Павловиќ… дел од „Самун ем Татлија 2023“ (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, од 13-ти па се до 15-ти октомври во Радовиш ќе се одржи новото издание на манифестацијата „Самун ем Татлија“.

На оваа традицонално музичко-гурманска манифестација, како и секоја година и оваа благодарение на Градоначалникот Г-дин Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш ќе се одржи во центарот на Општина Радовиш, годинава со богата музичко-забавна програма.

Најавени се: Елена Велевска, Либеро бенд, Александар Јовевски, Спасен Силјановски, Игор Димовски, Распеани Радовишани, Милица Павловиќ, Зоран Илиев, Бело Копче… и уште многу други музички имиња и групи кои ќе настапат на сцената на „Самун ем Татлија 2023“.

Целосната музичко-забавна програма на „Самун ем Татлија 2023“

Доколку викендот од 13-ти до 15-ти октомври немате ништо испланирано и сакате добра забава, дружење, квалитетна македонска музика и радовишки специјалитети, ова место е токму за Вас.

Не заборавајте, „Самун ем Татлија 2023“ во средината на октомври.

Можеби ќе ве интересира: