Во прв ред

Ерхан Шукри со јубилеен и хуманитарен концерт во Македонската Опера и Балет (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 2-ри октомври во Македонската Опера и Балет со почеток во 20 часот, ќе се одржи двојниот хуманитарен концерт насловен „Првите мои 20 во 30“.

Во оваа вечер ќе се прославува 30-годишна уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри и 20- годишната успешна работа на Гудачки камерен оркестар „АРКО“, а она што ќе ја направи вечерта уште поспектакуларна и поблагородна е хуманитарниот дух на коцертот.

„Овој концерт кој има хуманитарен карактер, е пред се посветен на нашите најмили – дечињата кои боледуваат од дејабетис. Со секој купена влезница донирате сретства за да бидат обезбедени ленти и глукомери за нашата иднина, за нашите најмили“, велат организаторите.

Предвиден е богат музички репертоар од врвни уметници, музичари, оперски пејачи, актери, а програмата ќе биде наменета за сечиј вкус: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенго, рок, латино, преку ориентот до нашиот фолклор. Интересно е што за прв пат и премиерно во Македонија присутната публика ќе има ретка можност и привилегија да се запознае со класично истанбулско кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција.

Меѓудругото, на репертоарот ќе бидат и:

  • Одличниот баритон Џемиљ Реџепи од Италија,
  • Сопран – романтичната Ивана Здравкова од Австрија,
  • Виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис,
  • Кралица на харфата Мерсиха Шукри,
  • Виртуозот на мандолина Лазар Сандев,
  • Кадифениот вокал на Добрила Грашеска,
  • Нашиот маестрален актер Никола Ристановски,
  • Мандолински оркестар „Скопје“,
  • Детски хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес,
  • Специјален гостин на концертот Маестро Рамадан Шукри.

Диригент на концертот ќе биде неповторливиот и секогаш оргинален Ерхан Шукри. А организаторите ветуваат и многу музика, хуманост, љубов, емоции…

И не заборавајте, картите можете да ги набавите во продажната мрежа на Купи Карти за Се – www.kupikartizase.com по следниот распоред:

Партер ред (од 1 до 5 ред) = 800 деnари

ВИП ред (од 6 до 14 ред- = 1.000 денари

Галерија ред (од 15 до 16 ред) = 800 денари и

Галерија ред (од 17 до 26 ред) = 600 денари

За иднината на нашите најмили – дечињата кои боледуваат од дијабетис. Хуманитарен концерт на м-р Ерхан Шукри, Македонска Опера и Балет, 2 октомври со почеток во 20 часот.

Се гледаме на концерт!

Можеби ќе ве интересира: