“Estrada World” прославува 7 години од своето постоење (Фото)

Таа е познат адвокат и зад себе има голем број на успешно реализирани денови, кога треба е страв и трепет, а во приватниот живот е Наташа Секуловска, девојката која што со огромно задоволство и љубов веќе 7 години го работи проектот “Estrada World”, или за сите оние што не знаат за што точно станува збор, тоа е оној блог кој што редовно Ве информира за се она што е ново на македонската, балканска, но пред се бугарска музичка сцена. “Estrada World” и Музика24 веќе долги години наназад соработуваат и веруваме дека тоа така ќе продолжи и во идниот период.

По повод седмиот роденден кои го прославија на 6-ти септември, Секуловска ексклузивно за музичкиот портал Музика24 изјави:

“Оваа година прославуваме успешни 7 години од нашето постоење. По тој повод, имаме подготвено низа изненадувања, од кои прво ќе ви претставиме роденденско интервју со познатата пејачка од соседна Бугарија, а во останатите екслузивните интервјуа кои ви ги имаме подготвено, очекувајте покрај музиката нашите главни гости да зборуваат отворено за се она што нив ги прави среќни. Ќе видите дека среќата лежи во малите нешта кои постојано не опкружуваат, но само треба да ги забележиме и да им отвориме врата да влезат во нашиот живот. Ниедна работа не треба да тапка во место, затоа што почнува да се губи интересот за неа, поради што наскоро “Estrada World” ќе добие нов облик и дизајн за кој се надеваме дека ќе им се допадне на читателите”, вели Главната уредничка и сопственичка на “Estrada World”, и воедно додава:

“Мојата желба да стартувам блог се појави пред многу години, а произлезе од тоа што од 2011-та година јас соработувам со музичкатата компанија “Пајнер” и трите телевизии како нејзин бренд Planeta Tv, Planeta HD и Planeta Folk Tv, но и со останатите компании од соседна Бугарија како што се “Ara Music”, “Diapason Records” и добив замисла сето тоа да го претворам во можност да го чита и македонската публика и да биде повеќе запознаена со животот и работата на сите оние естрадни изведувачи кои ги гледаме на ТВ, а имав можност до 2014-та година да работам и за хрватскиот сајт “Folk Estrada” и за многу други бугарски сајтови. Новинарството го започнав да го работам како на шега, кога во 2011-та година, благодарение на тогаш Главната уредничка на списание “Нов Фолк” Маргарита Лозанова добив можност да напишам статија за албумот на Преслава – “Как ти стои”, па со оглед на фактот дека статијата беше една од најчитаните добив работа и своја рубрика “Балкански новини” во списанието и едноставно добив понуда за соработка со компанијата “Пајнер” и од тој момент моите соништа станаа реалност и благодарение на целиот тим на “Пајнер”, пред се на главниот ПР менаџер Љубомир Костадинов кој сега ужива во пензионерските денови, денес сум тука, со зад себе голем број на интервјуа и вести”, искрено додава Наташа Секуловска, познат адвокат во Македонија, а воедно и Главен и одговорен уредник и сопственик на “Estrada World”.

Ние, соработниците на овој познат блог, а наскоро и портал, им посакуваме уште многу успешни години работа, интервјуа, статии, концерти и поминати настани… им го посакуваме сето она што би си го посакале и себе си, но пред и се, многу здравје, среќа и успех во она што го работите.

Среќен роденден и за многу години да е…

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com