Во прв ред

„Eye Cue“ ќе настапат на „EuroStarz“ во Лондон

Дуото „Eye Cue“ кое ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2018 година, е третиот потврден изведувач на овогодинешното 5-то издание на „EuroStarz“ во Лондон. Бојан и Марија веќе некое време живеат во Лондон, тие на евровизиската сцена во Лисабон ја изведоа песната „Lost and Found“.

Претходно беа потврдени настапите на Ники Френч (Велика Британија, 2000 г.) и Реј Каруана (Велика Британија,1989 година). Во следниве денови се очекуваат имињата на уште неколку изведувачи кои ќе настапат во пабот „Water Rats“.

Се работи за традиционален концерт кој е организиран од друштво на обожаватели на Евровизија, кој им нуди шанса на фановите да уживаат во интимна свирка со некои евровизиски sвезди од претходните изданија. Настанот ќе се одржи во сабота на 14-ти август.

Можеби ќе ве интересира: