Фестивалот “Deeper underground” се сели во Скопје

Авалон продукција синоќа објави дека од логистички причини: избегнување на гужви, паркинг и можност за 100% спроведување на протоколите, Авалон Продукција заедно со менаџментот и артистите на фестивалот, одлучи Скопје да биде домаќин на првото издание на фестивалот “Deeper underground” кој ќе се одржи на просторот на А1 арената на отворено.

“За жал, наместо тридневен фестивал настанот ќе трае два дена. Имено поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моменталната состојба со коронавирусот во Италија не е можно да се обезбеди целосно сигурен транспорт за Meduza во Македонија. Но настапот останува за некоја друга и подобра прилика. Пионерите на dnb сцената кои за прв пат во Македонија ќе имаат b2b настап RONI SIZE & LTJ BUKEM со Dynamite MC настапуваат на 15-ти август, а нивното доаѓање е сигурно и доаѓаат од Лондон. Доаѓањето на “ARTBAT”, исто така е сигурно бидејќи тие во Скопје доаѓаат од Миконос, каде што имаат настапи во претходните денови пред 15-ти август”, велат од Авалон продукција.

“ARTBAT” во моментов е едно од најактуелните и најбарани електронски состави на светската музичка сцена, а интересот за нивниот настап во Скопје е навистина огромен, што е дополнителен показател за нивната огромна популарност покрај квалитетот кој го поседуваат.

Цената на дневните билети останува иста, 1.200 денари, а сега блок влезницата за двата фестивалски дена изнесува 1.500 денари и истите може да ги набавите онлајн на avalon.mk, Avalon music & ticket store и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com