Моментално еден од најпознатите македонски изведувачи Филип Божиновски, кого јавноста го запозна по учеството на музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд”, на 21-ви ноември заедно со бендот кој е познат по одличните забави “Фидбек”, ќе бидат загревање пред спектакуларниот настап на српската легенда Аца Лукас во “Метрополис” арена.
Талентираниот пејач неодамна ја промовираше неговата прва песна на српски јазик “Туго моја” која моментално е хит на сите радиостаници во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Тоа е една од многуте причини зошто треба бидете присутни на 21-ви во “Метрополис” арената.
Инаку Аца Лукас минатата недела во Белград во “Комбанк арена” одржа концерт за паметење каде присуствуваа над 20.000 луѓе. Влезниците за неговиот скопски концерт се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги купите по цена од 350 денари на www.kupikartizase.mk и на продажните места “Розе Веро 2” и “Југотон”.
Во продолжение, слушнете ја новата песна на Филип.
Подготви: Редакција на Музика24