Во прв ред

Финални подготовки за концертот на 1 април на Игор Димовски со учениците (Фото)

Познатиот хармоникаш Игор Димовски кој е препознатлив по својот инструмент хармоника и негување и изведба на чистиот македонски стил на музицирање, деновиве ги прави финалните подготовки  и се подготвува за 1-априлскиот концерт каде ке настапат голем дел од учениците во неговото музичко училиште “Игор Продакшн”.

S 1Toj често организира ваква настани со своите ученици и вели дека тоа го прави поради самите ученици, за да им овозможи да покажат што стекнале во текот на полугодието и да почувствуваат еден вид на одговорност пред публиката како и дружење меѓу самите членови. Тој вели дека во неговото училиште освен хармониката како негов матичен инструмент се изучуваат инструментите гитара, виолина, пијано и ударни инструменти. Концертот ке биде во салон 19-19 во Културно информативниот центар во Скопје и влезот е слободен и сите заинтересирани може да го посетат. Ке настапат ученици од 5 години до 50 годишна возраст.

Димовски покрај тоа што секојдневно е ангажиран во своето училиште и на своите вечерни настапи, сепак наоѓа време да посвети време за својот втор албум кој се очекува долго време и на кого ке се најдат многу негови аранжмани и композиции за кои тој вели дека е многу инспириран и има што да даде, а за тоа допринело и раѓањето на неговата керка која ја доби пред еден месец. Димовски вели дека за секоја работа е потребен професионализам и голема љубов и верба а резултатите се неминовни.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: