Во прв ред

Фолкерите доминараат на музичката програма на Вевчанскиот карневал

На 12-ти јануари во Вевчани започнува традиционалниот Вевчански карневал. Тридневниот карневал покрај дефиле на маскираните василичари ќе има музичка програма и фото изложба.

Општината Вевчани оваа година одлучи поради пандемиските услови да ги поддржи домашните изведувачи. Па така на музичката програма се: диџеј Фејс, Жаре Бербер и фолкерите Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски.

Градоначалникот Кочовски очекува голема посетеност и повика на почитувањето на препораките за заштита од Ковид-19, што не беше случај минатата година.

“Иако Свети Василиј годинава е во работен ден, очекуваме голема посетеност како на карневалското дефиле, така и на забавниот дел од манифестацијата. Ќе понудиме добра забава, што ќе ја надополни туристичката понуда на Вевчани. Апелирам до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од ковид-19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски”, изјави градоначалникот.

Можеби ќе ве интересира: