Во прв ред

Фолтин и Летечки Пекинезери со концерти за дочекот на Новата 2018-та

На 31-ви декември во 22 часот, во ноќниот клуб Станица 26 во Скопје, за дочекот на Нова Година ќе се одржат концерти на Фолтин и Летечки Пекинезери. После концертите публиката ќе продолжи да ја забавува скопскиот диџеј Адо. Влезниците за настанот се достапни во претпродажба во кафе-баровите: CHE, Coffee Factory во Дебар Маало и Coffee Factory на ул. Македонија, како и on-line на www.mktickets.mk по цена од 650 денари, а ќе бидат достапни и на самиот влез на настанот по цена од 800 денари.

Настанот е поддржан од Тиквеш, Амстел и Абсолут, а Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе ги потсети присутните да прослават одговорно и безбедно да учествуваат во сообраќајот.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: