Во прв ред

“Gipsy Kings” со новогодишен Greatest hits концерт во Скопје (Фото)

На 22-ри декември како дел од второ издание на “All You Need is Love”, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции “Gipsy Kings”. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје. Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, “Gipsy Kings” станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: “Volare”, “Bamboleo”, “Baila me” и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, “Gipsy Kings” имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. После шест номинации за Греми наградите, “Gipsy Kings” во 2014-та година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов “Savor flamenco”. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а како и секој одлично спакуван концерт, и овој концерт е во организација на најдобрата македонска продукција – Авалон продукција.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: