Во прв ред

Ѓоко Ѓорчев го најавува концертот по повод 30 години кариера на македонската музичка сцена

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски поп пејач Ѓоко Ѓорчев кој често е споредуван со Том Џонс (светски познат пејач, препознатлив по песните и својот специфичен глас), го најавува својот голем концерт на кој учество ќе земат и многубројни негови блиски пријатели, соработници и музички имиња.

Како што сите знаеме и беше најавувано, концертот на Ѓорчев требаше да се одржи во текот на изминатата година, но поради коронавирусот и сето она што за среќа е веќе позади нас, сето тоа се одложи за едно подобро и помирно време, за период кога короната ќе исчезне или ќе биде комплетно сведена на минимум.

Периодот кој што ни следи е токму тој кога конечно мерките се тн олабавени и кога на големо се подготуваат музички настани, концерти и фестивали. Па токму сега, Ѓоко Ѓорчев повторно го најавува својот голем концерт во Домот на АРМ, по повод 30 години кариера на македонската музичка сцена.

„Како короната се повлекува едвај чекав да се објави дека ќе бидат возможни концертите. И’, таа вест секако ме израдува, бидејќи не само што повеќе од година се бориме со овој злобен вирус, туку и морав да се притајам, да си пеам по дома, жалејќи за откажаниот концерт во Дом на Арм во Скопје и средбата со моите фанови. Но, ете дојде тој убав ден кога се дозволени концерти па така се подготвувам за мојот летен настап пред неготинчани и сите љубители на мојата песна“, ни рече Ѓорчев.

За сите понатамошни информации во врска со концертот и концертите на Ѓоко Ѓорчев кој што летово планира да ги одржи, читајте не и информирајте се преку нашиот музички портал Музика24.

Можеби ќе ве интересира: