Еден од најактуелните артисти во моментов, Девито, утре вечер (16.06) ќе го одржи својот прв концерт во Битола. Мистериозниот пејач, чиј зашититен знак е маската е вистинска атракција особено кај помладите па според продажбата се очекува масовна посетеност.
Тоа не е се, Сцена продукција се потруди да ги задоволи сите музички вкусови па на 17-ти јуни на Ракометно ќе ечи рок звук. Поради големиот број на обожаватели тука, легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага и неговите „Инструктори“ се враќаат во Битола да ги изведат рок евергрините со кои растеа неколку генерации. Веќе на на 22-ри јуни следува уште еден рок концерт. Одложена поради неповолните временски услови на Ракометно конечно ќе се одржи најавуваната дупла рокенрол забава со популарните „Ван Гог“ и еден од најпознатите македонски рок состави „АРЕА“.
За оние кои се уште не ги купиле своите влезници, тоа можат да го направат на mktickets.mk или пред самите концерти.