Во прв ред

Голем концерт на Бајага и Инструктори во Скопје (Фото)

Во годината кога нашите пријатели и соработници од Авалон продукција прославуваат 30 години, готово невозможно е прославата во месец декември да почне без голем концерт во Скопје, и тоа токму на Бајага и Инстуктори.

Како што и самите тие велат, поизвонредна сала како Јане Сандански која е создадена за ваков профил на настани, нема во Скопје. А истовремено… и многу аеродромци ќе се потсетат како го гледаа Момчило низ населба (некогаш рано наутро, некогаш доцна навечер) во 1993-та, 1994-та, 1995-та година… помеѓу неговите настапи низ Македонија и се чудеа што прави во Скопје.

Кругот не е круг, ако не се затвори.

Во изминатиов период, Бајага и Инструктори ем напишаа уште многу големи песни, ем претходните се стекнаа со бесмртен хитовски статус. Сето тоа ги прави Бајага и Инструктори сигурно едни од најпосакуваните регионални концертни атракции денес, со повеќе од 2.5 часа тотално хитовска програма.

Да не се лажеме, сепак никој нема толку многу хитови како Бајага во својат кариера.

Влезниците веќе се пуштени во продажба во ограничен број онлајн на ticketx.mk и преку продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Можеби ќе ве интересира: