Како што дознава музичкиот портал Музика24, еден од најдобрите поп-рок бендови на Балканот “Црвена Јабука”, со свој голем концерт во Скопје, во спортската арена Јане Сандански.
10-ти октомври е денот кога после распродадената Загребачка арена со 18.000 влезници, три распродадени интимни концерти во МТС дворана во Белград и два во нашата Македонска филхармонија во Скопје, турнејата низ Америка, Канада и Австралија, ќе имаат голем концерт во нашиот главен град.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 4-ти септември, во продажната мрежа на ticketx.mk и онлајн ширум државата.
Доколку сакате во живо да ги слушнете сите евргрини и хитови, спакувани во тричасовен спектакл, се гледаме на 10-ти октомври, кога ноќта ќе биде исполнета со многу љубов и квалитетна музика.