Во прв ред

Голем концерт на македонската фолк пејачка Татјана Лазаревска во Битола (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 5-ти јули во Олимпискиот базен “Император” (летна бавча “Барон”) во Битола познатата и популарна македонска фолк пејачка Татјана Лазаревска, која патем периодов е на одмор во Република Македонија, ќе одржи голем концерт насловен: “Татјана Лазаревска и пријателите”.

Привилегија и задоволство ќе е во живо и токму таа, најдобрата помеѓу најдобрите, да ги отпее, а публиката да ги слушне најпознатите хитови како што се: “Љубовна азбука”, препознатливиот хит “Аце, Аце”, “А бре чичо”, “Убавината од Македонија”, “Љубовден”, “Осмиот ден”, “Ништо без народно”, “Луда журка”… и многу, многу познати хитови од оваа македонска фолк пејачка.

Освен Татјана како домаќинка и главна ѕвезда на концертот, на истиот со свое учество ќе се појават и нејзините долгогодишни соработници и пријатели Горан Тодоровски, групата “Маестрал” од Битола, оргиналните и секогаш одлични Браќа Нуне, како и неповторливите и секогаш расположени за хумор и забава битолските “Солза и смеа”.

Не заборавајте, 5-ти јули со почеток во 21 часот, Олимписки базен “Император” (летна бавча “Барон”), билетите се по цена од 650 денари, а за сите вас кои од било која причина не можете да сте дел од овој голем и спектакуларен концерт, ИН Телевизија ќе врши директен пренос на истиот.

Подготви: Иван Јосимовски

Фото: Дарио Јанковиќ

Можеби ќе ве интересира: