На 9-ти ноември со почеток во 20 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи концертот „Песната судбина“, на „Танец“, посветен на 100-годишнината од раѓањето на легендарната македонска пејачка Васка Илиева.
На концертот, солистите и ансамблите на НУ „Танец“ ќе изведат 15-на антологиски песни од богатиот репертоар на Васка Илиева, а ќе бидат прикажани и архивски материјали поврзани со животот и делото на пејачката на народни песни.
Васка Илиева (1923-2001) својата музичка кариера ја започнала во 1950, токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на пеење, многу брзо станала популарна, одржувајќи голем број концерти низ светот. И денес, нејзините изведби на песните „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“ и „Сестра кани брата на вечера“ се белег со трајни вредности за македонската културна историја.